Вчера во 16.30 часот на Граничен премин Аеродром „Александар Велики“ Скопје, при пасошка контрола на 50-годишниот Н.Х. од Република Србија, било утврдено дека врз биометриската страница е залепена дополнитена фолија и се познаваат траги од бришење во делот на органот кој ја издава патната исправа.
Лицето е приведено, а во 18.30 часот е предадено на инспектори од СВР Скопје за понатамошна постапка.