Србија втора во Европа според бројот на вакцинирани граѓани

Во Србија досега има вкупно 375.320 граѓани вакцинирани против корона вирусот со што, Србија се искачи на второто местово Европа според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, дознава „Танјуг“ од српската влада.

Земја во Европа со најголем процент вакцинирани граѓани е Велика Британија, а по Србија следуваат Малта, Исланд, Данска, Романија, Словенија и Шпанија.

Кога станува збор за регионот, по Србија, која е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.