Србија набавува од лекот „молнупиравир“

Србија навреме обезбедува орална ковид-терапија, таблетите познати како „молнупиравир“, со кои би се обезбедил медикаментозен третман за над 50.000 лица позитивни на коронавирус. 

Овој лек се користи за лечење на симптомите на средно-блага клиничка слика предизвикана од заразата со коронавирусот. 

Според досегашните истражувања, овој лек го намалува ризикот од хоспитализација и до 50%.