Србија ја отвори границата, но тоа нема никаква важност за македонските граѓани

Границите остануваат затворени. Властите сметаат дека за подигнување на граничните рампи е потребен договор со соседните држави.

Влез во земјава засега е дозволен само за македонски државјани кои по минување на границата се упатуваат во задолжителен државен карантин. Излезот од државава е се уште условен со давање изјава со која граѓаните се обврзуваат дека во следните три месеци нема да се вратат дома.

Во меѓувреме, Србија вчера ги отвори државните граници. За влез во земјата не се бара ниту тест за Ковид ниту е задолжителен карантин.

Според податоците од МВР, минатиот месец, Македонија ја напуштиле близу 26.500 државјани додека за влез биле регистрирани скоро 28 илајди. Во бројката се вклучени и возачите на камиони кои секојдневно ги минуваат државните граници.