СПРОТИ „СКОПЈЕ СИТИ МОЛ": Утрово гореше стан, повикани три пожарни

Пожар избувна утрово во стан на булеварот Партизански Одреди. Командирот на противпожарната бригада на град Скопје, Ѕвонко Томевски, за Телеграф.мк изјави дека утринава горел стан на 9 кат во зграда на „Партизанска“, спроти трговскиот центар „Скопје сити мол“.

Брзата интервенција спречија да се рашири пожарот и да се случи трагедија. Причина за пожарот била неисправна електрична инсталација.

Во исто време, пожарникарите интервенирале во пожар во стан на улица „Крсте Арсенов“ во Чаир. И таму брзата интервенција на пожарникарите спречила голема штета. Во пожарот нема повредени, а причината за пожарот не е позната.