
Спортскиот центар „Бранители“ во општина Ѓорче Петров ќе добие нова фитнес зона, сподели градоначалникот Александар Стојкоски во објава на социјалните мрежи.
„Во рамки на спортскиот центар „Бранители“ поставуваме современ калистеника парк - нова фитнес зона на отворено, наменета за сите генерации, за рекреација, спорт и здрави навики. Продолжуваме да го комплетираме најголемиот спортски центар во Ѓорче Петров“, истакна Стојкоски.
Тој посочи дека ова било уште еден чекор во целосното заокружување на просторот, каде веќе биле реконструирани: фудбалско игралиште, кошаркарско игралиште, терен за сервис и тартан подлога.