Спортски натпревари меѓу најдобрите екипи од средните училишта од Скопје и Подгорица

Денеска (15.05.2019 година, среда) во Подгорица (Црна Гора) започнаа спортските натпревари меѓу најдобрите екипи од средните училишта од Скопје и од Подгорица.

Пред почетокот на натпреварите се обрати градоначалникот Шилегов и ги поздрави екипите на Подгорица и на Скопје. На натпреварите присуствуваше и делегација од кабинетот, како и членовите на Советот на Град Скопје Соња Глинџарска, Лука Кржалоски и Ибуш Јусуфи.

Средношколските екипи од Скопје се натпреваруваат со нивните врсници од Подгорица во кошарка, ракомет и футсал во машка и во женска конкуренција, како и во одбојка во женска конкуренција.

Натпреварите на најдобрите спортски екипи од средните училишта од Скопје во Подгорица се продолжение на праксата за организирање вакви натпреварувања, а во изминатите години се организираа спортски гостувања во Нирнберг, Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и во Белград.

Претходно, во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1.000 натпревари во кои се вклучија околу 7.000 ученици од 29 средни училишта од Скопје. За организација и реализација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот Скопје годинава одвои 3.500.000 денари. Дополнително, и оваа година додели стипендии за спортистите средношколци од Скопје, односно додели 105 стипендии во висина од 3.000 денари месечно, за 8 месеци, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје.

Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и негуваат плодна соработка и разменуваат позитивни искуства од повеќе области што се значајни за двата града.

Nike Paul George PG3