Според ЕМА, рано е да се зборува за прилагодување на вакцините

Модерна најавија дека ќе ја прилагодат нивната вакцина за да биде ефикасна против омикрон-сојот, а Фајзер и Џонсон и Џонсон се уште ги истражуваат сегашните формулации, пред да заклучат дали е потребно адаптирање. 

Но, според Европската агенција за лекови, прерано е да се зборува за такво нешто, бидејќи оваа варијанта не е доминантна, а нејзиното ширење барем засега е под некаква контрола. 

Потребни се повеќе детали, за да може да се заклучи дали вакцините кои се одобрени од ЕУ можат да бидат ефикасни против овој сој, дури и ако процентуално тоа е помалку отколку за другите варијанти. 

Исто така, оваа мутација има и уште подмутации, кои засега се набљудуваат. Самиот омикрон сој може да биде ризик фактор за нов бран на пандемијата.