Според 64% од преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ води во над 20 општини во државата, СДСМ во три, ДУИ во една

Според досегашните преброени 64% резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисика (ДИК), ВМРО-ДПМНЕ води во најголем дел од општините, вклучително и Град Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ засега е во предност во 21 општина и во Град Скопје.

СДСМ е во предност во три општини.

Коалицијата ВРЕДИ засега води во четири општини.

ЗНАМ е во предност во Куманово, а коалицијата НАИ е во предност во Студеничани.