Спомнете им на ОБСЕ гостите дека може малку да им биде лошичко - Ели Пешева со поента за аерозагадувањето

Алармантни бројки за смртноста од аерозагадувањето во земјава. 5.600 семејства изгубиле некој свој близок, како последица од загадувањето во државава, а овие застрашувачки податоци ги објави иницијативата О2.

- Бројките се страшни, а тие за 2021 година се ужасни и поразителни,покажуваат истражувањата кои ги пренесе О2.

За ова, во пресрет на министерскиот состанок на ОБСЕ, се јави и Ели Пешева, една од најгласните еко-активистки. 

- Спомнете им на ОБСЕ гостите дека може малку да им биде лошичко, да кашлаат, да не можат да дишат, да имаат необјасниви алергии...не од возбуда, секако. Покрај менито со храна и пијалоци, кажете им што ќе дишат бе. Се гледа, не е тајна, напиша таа во својата фејсбук објава и додава: 

- Пошто 5600 семејства изгубиле некој свој близок, како последица од загадувањето во државава (зголемување за 30% за само една година). Во најава е носење на буџетот за следната година во кој стапката за заштита од загадување ќе го достигне историски НАЈНИСКИОТ праг.