Спокој и мир, место кое плени со својата убавина - есента е посебно магична во овој дел од Скопје

Есента е магична глетка во очите на секој набљудувач. Наесен природата навистина наликува на шарен ќилим распослан околу нас. 

Скопска Црна Гора во есен... Таму е убаво секое годишно време, но есента со својата магија прави оваа место да биде посебно убаво баш тогаш. 

Скопска Црна Гора, според туристичко-географската положба и орографските карактеристики, прошарана со многу живописни долини и водотеци, буен растителен и животински свет, благопријатна клима, богата со селски населби што како венец се наредени едно до друго со автентична традиционална архитектура, убаво обработени лозја, овоштарници, ливади и бавчи, многубројни бачила и воденици, покрај кои се изградени нови и модерни станбени објекти, претставува простор што заслужува внимание.

Според бројот на црквите и манастирите од кои некои имаат огромно значење и вредност, многумина оваа планина ја нарекуваат Света Гора, а различните етникуми, ја отсликуваат целата мултиетничка и мултикултурна Македонија.

Па време е за викенд прошетка до Скопска Црна Гора – и верувајте, ќе се вратите воодушевени!!!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Maja Janeva (@mayajaneva)