Спирулина, најкомплетната и најмоќната храна на светот

Спирулината е најбогатиот извор на хранливи состојки со концентрација поголема од било која храна, зеленчук, овошје, семе или билка и има бројни полезности за човечкиот организам.

Спирулината е модрозелена алга извонредна комбинација на Б- керотин, белковини, хлорофил, Б-витамини, ензими, минерали, Гамалиноленска  киселина. Таа е една од најстарите фотосинтетски форми на живот кои создавајќи кислород во атмосферата овозможиле создавање и еволуција на повисоки форми на живот во природата. Спирулината е бесмртен организам кој се обновува себеси 3 милијадри години и ја содржи мудроста и искуството на природата кодирана во сопствената ДНК.

Спирулината има највисока застапеност на протеини од било која друга храна. Во својата структура ги содржи сите есенцијални амино киселини во идеален сооднос. Единствено спирулината и мајчиното млеко содржи доволно количини на линоленска киселина, важен учесник во регулирање на хормонскиот систем на организмот. Таа има природни антифламаторни својства и делува превентивно против разни воспалителни процеси. Ги обновува мозочните клетки .

Неверојатно богатство од антиоксидирачки комплекс од најмалку 10 каротеноиди. Оваа смеса од каротеноиди и ксантофили позитивно делува на различни места во организмот, во синергизам со другите витамини, минерали и фитонутритиенти. Ваквата комбинација содржана во Спирулината има поголем ефект отколку синтетичките препарати со Б-каротен.

Таа е најголем извор на Б-12 кој е неопходен за оформување на црвените крвни клетки. Богатствоод  B-1 (гиамин), кој учествува во функција на нервните клетки, витамин Б-2 (рибофлавин), кој учествува во енергетскиот метаболизам на јаглехидратите и протеините и ниацин потребен за правилна функција на нервниот систем и синтеза на сексуалните хормони.

Најдобар природен извор на железо со 10 пати поголема застапеност од било која друга храна, и неверојатни 23% побогата со железо од спанаќот. Железото со кое е богата спирулината двојно повеќе се апсорбира за разлика од класичните синтетички препарати.

Спирулината содржи двојно повеќе ензими кои се катализатори на хемиските процеси. Еден од нив е супероксид дисмутаза кој игра важна улога во врзувањето на слободните радикали со што се забавува процесот на стареење.

Таа е природен извор на протеини, без маснотии и холестерол, кој го спречува чувството на глад бидејќи ја надополнува потребата на организмот за хранливи материи. Претставува производ со голема моќ на прочистување бидејќи ги истиснува токсините од ткивата на лимфата и ги нормализира органите за варење. Нејзиното секојдневно консумирање ќе Ви помогне во намалувањето и одржувањето на телесната тежина, а истовремено ја задржувате виткоста и свежината на телото.

Спирулината е одлична за луѓе кои долго и напорно тренираат, рекреативно или професионално се бават со спорт или друг тип физичка активност. Таа обезбедува протеини кои лесно се разградуваат, а не содржат непотребни маснотии. Погодна е за консумирање пред натпревари бидејќи дава големо количество енергија и сила. Ако се користи пред јадење таа го задоволува апетитот и ја намалува потребата за внесување непотребни калории со што телесната тежина на спортистот се одржува на саканата вредност.

Со својот состав и широк спектар од хранливи состојки ги воодушевува нутриционистите ширум светот. Мајката природа во спирулината споила преку 4000 хранливи состојки од витално значење за човечкиот организам.

Протеини и амино-киселини

Спирулината содржи висококвалитетни растителни протеини (околу 63%)  3-4 пати повеќе од говедското месо и 5 пати повеќе од јајцата. Овие протеини се биолошки комплетни бидејќи ги содржат сите есенцијални и неесенцијални амино-киселини.

Витамини

Спирулината содржи целосен спектар на витамини во совршено избалансиран размер. Во големи количини содржи бета каротен (витамин А) – моќен антиоксиданс кој го има 25 пати повеќе отколку во морковите. Ги содржи сите Б витамини, а особено е богата со витаминот Б-12 кој го има повеќе од било која храна, витамините Б-1, Б-2 (рибофлавин), Б-3 (ниацин), Б-5, Б-6, Б-7 (бионтин), Б-9 (фолна киселина), како и витамините Ц и К.

Минерали

Додека расте, спирулината ги апсорбира скоро сите минерали есенцијални за човечкиот организам. Особено е богата со железо кое го има 23 пати повеќе отколку во спанаќот, со калциум – 300% повеќе од млекото, а содржи и цинк, селен, магнезиум и фосфор.

Есенцијални масни киселини

Спирулинатa ги соджи најпотребните Омега 3 и 6 есенцијални масни киселини, вклучувајќи ја и ГЛА (гама линолеинска киселина) која ја има во таа форма единствено во мајчиното млеко, која помага за развојот на доенчињата и ја подобрува работата на срцето.

Пигменти

Спирулината едноставно е виножито од природни пигменти кои помагаат за синтеза на ензими потребни за регулирање на метаболизмот. Најважен пигмент во спирулината е фикоцианинот кој го стимулира и зајакнува имуниот систем. Во изобилство го има и хлорофилот кој е одличен прочистувач на организмот и кој се нарекува “зелена крв“ заради сличниот состав со хемоглобинот од крвта.

Картеноиди

Спирулината содржи комплекс од алфа, бета и гама картеноиди – природни антиоксиданси кои работејќи во синергија пружаат моќна заштита на организмот.

ЗОШТО СЕ КОРИСТИ И КАКО ДЕЛУВА?

Спирулина има широка примена и делува на повеќе начини врз човечкиот организам и неговотo здравје:

  • Го зајакунува имуниот систем, ја зголемува издржливоста и отпорноста на организмот
  • Го прочистува организмот и ги уништува слободните радикали
  • Помага при регулирање на телесната тежина
  • Ја подобрува работата на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок
  • Го подобрува варењето на храната и работата на дигестивниот систем, и ја обновува цревната флора
  • Ја зголемува менталната енергија и ја подобрува работата на мозокот
  • Го подмаладува организмот и го успорува стареењето
  • Се применува при менструални проблеми, проблеми со жолчката, црниот дроб, тврда столица, артритис …

Спирулината им се препорачува и на:

  • На спортисти на кои им е потребна поголема физичка енергија и издржливост
  • На луѓе на кои им е потребно прочистување на организмот од токсини, тешки метали, алкохол, пушење и од преголема употреба на лекови
  • На бремени жени кои имаа зголемена потреба за протеини и железо
  • На лица со анемија поради подобрување на крвната слика