Спировски, Барди, Елмас, Седоски…Најдобрите ги добија „статуетките“ (ФОТО)

На свечен начин, Фудбалската Федерација на Македонија вчеравечер ги круниса најдобрите за изминатата сезона во македонскиот фудбал. Листата на наградени е следната:

Најдобар тренер: Гоце Седлоски (ФК Вардар)
Најдобар фудбалер во МФЛ: Стефан Спировски (ФК Вардар)
Најдобар стрелец во МФЛ: Бесарт Ибраими (ФК Шкендија)
Најдобар тренер во женски фудбал: Кирил Изов (ЖФК Истатов)
Најдобра фудбалерка: Илза Максути (ЖФК Ас Јунајтед)
Најдобар стрелец во женски фудбал: Ленче Андреевска (ЖФК Драгон)
Најдобар тренер во футсал: Зоран Лекиќ (КМФ Шкупи)
Најдобар футсал играч: Александар Глигоров (КМФ Велес)
Најдобар тренер во младински фудбал: Горан Станковски (ФК Работнички)
Најдобар фудбалер во младински фудбал: Елиф Елмас (ФК Работнички)
Најдобар стрелец во младински фудбал: Александар Мишов (Ак. Пандев)
Најдобар клуб во младински фудбал: ФК Работнички
Најдобар фудбалски работник: Илија Матеничаров (Ак. Пандев)
Фер-плеј екипа на годината: ФК Работнички
Најдобар судија: Александар Ставрев
Најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство: Енис Барди

Посебни признанија добија младинските репрезентативци до 17 и до 19 години, како и стручниот штаб на овие две селекции. Награден од ФФМ беше и малиот навивач Јане Велковски.

Посебно признание доби и Баже Илијоски за рекордот по постигнати голови во Првата лига, односно тој стигна до бројката од 130 погодоци.

Фото: Македонски спорт