
Познатиот инфлуенсер Стефан Спировски на социјалните мрежи сподели видео објава, во кое го раскажа своето искуство за патување со електричен автомобил „Тесла“ од Скопје до Белград.
Во видеото тој објаснува дека од Скопје до Белград, за пат од 435 километри му биле потребни две застанувања за да ги наполни батериите на возилото.
Првиот пат застанал на Алексинац, каде имало постари полначи кои полнеле доста бавно и каде поради летната сезона, морал да чека дури два и пол часа за да дојде на ред, а потоа уште час и пол за да наполни.
Второто полнење било кај ИКЕА во Белград, каде иако имало побрзи полначи, сепак и тука изгубил два часа.
Стефан посочи дека полнењето во Србија било бесплатно, па така, патувањето го чинело 0 денари потрошени за „гориво“.
„Дали навистина се исплати? Според мене да, ако не ви пречи да патувате подолго. Во мојот случај наместо за околу четрири и пол часа, до Белград стигнав за речиси девет“, посочи познатиот инфлуенсер.
Од друга старна, на социјалната мрежа „Х“, имаше и такви кои ваквиот начин на патување им е „бесмислен“.
Профилот со псевдоним „Раскажувачот“ вели: „Гледав еден лик, земал Тесла да вози од Скопје до Белград. Прво застанал да полни кај Алексинац чекал 2 саати..па застанал да полни кај Белград и таму 2 саати.. - 450 км ги поминал за 9 саати.. Ама според него заштедил и се исплатело... Класична будала..“.
Гледав еден лик, земал Тесла да вози од Скопје до Белград.
Прво застанал да полни кај Алексинац чекал 2 саати..па застанал да полни кај Белград и таму 2 саати..
- 450 км ги поминал за 9 саати..
Ама според него заштедил и се исплатело...
Класична будала..— Раскжуачот (@toilet_paper10) August 6, 2026
Профилот „prof mag“ вели: „Нон сенс се овие електричниве...“, на што „Раскажувачот“ му реплицираше дека „сенс“ можат да бидат само ако ги има на секоја бензинска или да ги има повеќе, а не да има два полначи, па да требало да се чека по два часа за да се дојде на ред.
сенс се ако ги има на секоја бензинска или да ги има повеќе. а не да има 2 полначи па да чекам по 2 саати да стигнам на ред.
— Раскжуачот (@toilet_paper10) August 7, 2026