Спектакуларниот цепелин на Лазаров и Манасков (ВИДЕО)

Maкедонија вчерашниот натпревар против Шпанија го загуби со 11 поени (21:32) разлика, иако во првото полувреме бевме и тоа како достоен противник на европскиот шампион.

Двајцата најефикасни ракометари во репрезентацијата на Македонија во досегашниот дел од Светското првенство, Кирил Лазаров и Дејан Манасков останаа во првата десетка и после 4. коло.

Според бројот на головите, Лазаров е на делба на 3. место заедно со Јусуф Али од Катар. И двајцата имаат по 25 гола, а се на четири гола од Дибиров и Генсхајмер.

Манасков, пак, стигна до точно 20 погодоци и со нив е на делба на 9. место, но останува во првите десет играчи така што и понатаму има шанса за уште подобар пласман до крајот на турнирот.

Македонија денес од 18:00 часот го игра клучниот натпревар против Исланд.

Погледнете го цепелинот на Кире Лазаров и Дејан Манасков кој ќе се памети.