Спектаклите се најавени! Розга, Лепа Брена, Томи Кеш, Армин ван Бурен... доаѓаат во Македонија

Најави за спектакуларни концерти на популарни музички ѕвезди од регионот и светот претстојново лето!

Центарот на случувањата ќе биде Охрид каде под отворено небо ќе се ужива во добра забава! Концерти се закажани и во Битола, Штип...

Хрватската поп пејачка Јелена Розга на 29. јули ќе настапи со симфониски концерт во Античкиот театар. Најава за концертот сними директно од центарот на Скопје! 

Концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид закажаа и мега популарните Лепа Брена и Саша Ковачевиќ, за 1. август. Билетите се веќе во проджаба!

Музичката сензација Теа Таировиќ ќе одржи голем концерт во Битола на 11. јули, на познатото ракометно игралиште под отворено небо.

Голем спектакл се најавува за во Битола. На 3. август 2025 година, светски познатиот диџеј и музички продуцент Армин ван Бурен ќе настапи на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во рамките на фестивалот Bitola OpenAir.

Во Штип пак доаѓа Томи Кеш - овогодинешниот евровизиски претставник на Естонија кој стана екстра популарен со песната „Еспресо, макијато“. Ќе настапи на традиционалниот летен фестивал, претходно познат како „Д Фестивал“, од годинава само како „The Festival“, кој ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип.