Спектакл во Скопје: Македонски ракометни легенди, ветерани и репрезентативци на пријателски меч

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави дека ќе се одржи ревијален пријателски меч меѓу македонските ракометни ветерани и актуелни репрезентативци на 3 јануари 2023 година со почеток од 19 часот во „Борис Трајковски.

На турнирот ќе настапат Алушевски Стевче, Ангелов Петар, Ангеловски Бранко, Ѓоргоновски Горан, Даскаловски Златко, Димовски Ванчо, Јовиќ Александар, Кузмановски Горан, Јоновски Ацо, Лазаров Кирил, Лазаров Филип, Макаловски Гоце, Марковски Велко, Миркуловски Филип, Митков Влатко, Мојсовски Златко, Мојсовски Наумче, Недановски Владо, Ристовски Борко, Стоилов Митко, Стоилов Столе и Стојановиќ Раде, како и добро познатите селектори Илија Темелковски и Звонко Шундовски.

Противник на ветераните ќе биде актуелниот национален состав за Светското првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари во Полска/Шведска.