Спектакал на „Д Фестивал“: Констракта викендов во Дојран

Викендов најголемата забава е во Дојран. Од петок, први, па се до недела, трети јули, Дојран ќе биде домаќин на најголемиот музички фестивал под отворено небо во земјава - Д Фестивал

Несомнено, со голема радост се очекуваат бројни звучни музички имиња. 

На 3. јули во недела на главната сцена настапува мега популарната Ана Ѓуриќ - Констракта, која годинава беше фаворит за евровизиска победничка. 

Натсапуваат „Kosheen“, еден од најпросперитетните бендови на електронска музика во Обединетото Кралство, потоа австриското дуо Крудер и Дорфмајстер, Марки Рамоун од легендарниот состав „Ramones“, синот на реге иконата Боб Марли – Џулијан Марли, секогаш енергичните „Kultur Shock“, американскиот електронски продуцент ZHU, пустинските воини „Tamikrest“, украинските пост-рокери „Törzs“…

Има и доста македонски бендови и артисти.

Аудиториумот ќе може да чуе музики од „Чиста околина“, „Зад аголот“, „Луфтанза“, „Перија“, проектот „Пијан Славеј“ на Бранислав Николов, „Хајка“, „Короужн“, „Преку ред“, Дина Јашари, Флудер, Џантрикс…