Специјална промоција на Huawei P10 во Телеком продавницата во City Mall

Македонски Телеком во четврток на 20 Април организира специјална промоција на Huawei P10 во Телеком продавницата во City Mall. Во текот на целиот ден, предвидени се бројни изненадувања за корисниците кои што со нетрпение го очекуваат најновиот модел на Huawei.

Најновиот Huawei P10 едноставно има извонреден, премиум и модерен дизајн. Тој е ултра тенок, потполно рамен и заоблен. Телефонот овозможува уникатно искуство со камерата, а фотографиите, пред сè портретите, стануваат уметнички благодарение на новата Leica двојна камера. Huawei Р10 функционира со најмоќниот осумјадрен Kirin 960 процесор и последна верзија на Android оперативен систем.