Специјалитет на денот: равиоли во сос од пршута, морков и суви смокви

Италијански специјалитет, комбиниран со елементи од балканската кујна. Вкусно баш онолку колку што си помисливте!

Состојки:

450-500 гр. равиоли
3 чешлиња црвен кромид
1 морков
200 гр. пршута по избор
150 гр. суви смокви
150 гр. црни маслинки
2 дл. бело вино
сол, по вкус
бибер, по вкус
1 гранче свеж рузмарин
4 дл. неутрална павлака
1 лажица масло

Начин на подготовка:

Ставете вода во лонец и оставете да проврие. На неколку капки масло, пропржете ја пршутата претходно исечкана многу тенко. По неколку минути додадете го кромидот, ситно исечкан и малку изрендан морков. Кога кромидот ќе омекне, додадете го виното и варете 5 минути. Во меѓувреме, ставете ги равиолите да се варат; оставете ги додека не испливаат на површината. Во сосот, додадете ги маслинките и сувите смокви. Промешајте и додадете ја неутралната павлака. За време на варењето на сосот, додадете бибер и гранче рузмарин. Сварените равиоли додадете ги во сосот и пропржете уште некоја минута. Сервирајте и јадете ги топли. Препорачливо е со оваа храна да се напиете бело вино, по ваш вкус. 

Добар апетит!