Специјалистите и келнерите земаат иста плата - Доктор Даниловски со интересна констатација

Познатиот доктор Драган Даниловски со реакција на социјалните мрежи за основната плата што ја земаат лекарите, судиите и келнерите. 

- Како е можно основната плата на специјалист во секундарното ниво на здравствената заштита да е 55 000 денари, на судија во Основен суд 120 000 денари, а на келнер 50-60 000!? - праша тој на својот фејсбук профил. 

Коментарите на оваа тема се бројни. 

- Во земја во која најголем бизнис се кафани и кладилници што да се каже понатаму? Поразително колку се изместени вредностите, а согласно тоа и платите на најбитните сегменти на едно општество, му реплицираше еден фејсбук пријател на доктор Даниловски. 

Друг сподели слично свое искуство: 

- Покрај девијацијата, срамотата, извитопереноста која ја констатирате во постот, само да се надоврзам со податокот дека стручен работник-воспитувач кој работи со деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, со работно време во три смени, секој ден од годината, има 34.000 нето основна плата, значи за дури 150 евра под просечната плата.