Спасовски: МВР меѓу најтранспарентните институции

Индексот на отвореност за МВР говори за 76.10% исполнетост на индикаторите за отвореност - ова беа резултатите од организациите кои се занимаваат со демократски права, во однос на транспаретноста и отчетноста на институциите во земјава. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги потенцираше овие податоци на денешната работна средба со претставници од граѓанската организација „Евротинк - Центарот за европски стратегии“.

Целта на средбата беше продолжување на претходната успешна соработка со министерството за внатрешни работи на полето на транспарентноста и отчетноста на полицијата кон граѓаните.

-Како МВР остануваме посветени кон создавање отворена, отчетна и транспарентна институција пред граѓаните, преку активна соработка со медиумите, граѓанските огранизации и граѓаните - вистински одраз на внатрешната политика на Министерството во насока на градење на довербата помеѓу граѓаните и полицијата, рече Спасовски. 

 На состанокот беа сумирани резултатите од претходниот заеднички едногодишен проект „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија“.

-Се согласивме дека неговата имплементација придонесе за подобрување на околината и условите во кои полицијата функционира особено во областите транспарентност, отчетност и инклузивност при носење на одлуки за работата на полицијата. - потенцираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски изрази задоволство дека МВР со Евротинк влегува во имплементација на два други проекти „Подобрување на транспарентност и отчетноста на полицијата во Република Северна Македонија“ и „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“ за следниот период 2022 - 2024 година. Договорено е потпишување на меморандум за соработка кој ќе помогне во имплементацијата на овие потфати во следниот период.