Спасовски: МВР е отворено за соработка со Црвениот Крст во справувањето со хуманитарните последици на миграциите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, присуствуваше на настан посветен на отпочнувањето со реализација на регионалната програма за миграции – Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, поддржана и финансирана од страна на Швајцарскиот Црвен крст, Швајцарската Агенција за Развој и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

На настанот присуствуваа и претставници од Македонско здружение на млади правници,  Министерството за труд и социјална политика,  Канцеларијата на УНХЦР во Скопје,  Меѓународната организација за миграции, Центарот за управување со кризи, како и универзитетски професори.

-Како што, впрочем, беше миграциската криза од 2015/2016 година, кога низ територијата само на нашата држава, како дел од т.н. „Балканска миграциска рута“ кон крајната цел - западноевропските земји - минаа помеѓу 800.000 до 1 милион мигранти од Блискиот и Среден Исток и од северна Африка”, истакна Спасовски. 

„Она што многу брзо се сфати е дека е потребен систем, мултилатерален, и по содржина и по функција, кој може да превенира, администрира, документира, и секако - да згрижи”, заклучи министерот Спасовски.

Министерот Спасовски во оваа прилика истакна дека Министерството за внатрешни работи е целосно отворено за соработка во натамошното развивање на капацитетите на Црвениот крст, да помогне со практични искуства и стручни согледување, а во интерес на остварување на благородните мисии на Црвениот крст.