Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале да стигнат во Стрезимир.

МВР соопшти дека на едниот од браќата му се влошила и здравствената состојба, па му била неопходна лекарска помош.

Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача и од Секторот за внатрешни работи Тетово, поделени во неколку групи, почнале со пребарување на теренот, а околу 1 часот тие биле пронајдени на потегот помеѓу Титов Врв и Враца Рид, над Боговиското Езеро, по што набргу биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош и потоа заминале во своите домови.