Спас за домаќинките: Свежо подготвена храна нудат маркетите - мусака, гравче тавче, полнети пиперки,компир, ориз и риба

Мусака, гравче тавче, полнети пиперки, пилешки прсти, компир , ориз и риба се почесто може да се купат како  подготвени  јадења  во  поголеми маркети. Свежо подготвената  храна ја купуваат различни категории потрошувачи, мажи и жени, млади и повозрасни, велат од таму.

Брзиот и современ начин на живот им остава се помалку време на вработените жени да поминуваат подолго време во кујна. Па готовата храна од маркетите често се наоѓа на семејната трпеза по мошне пристапни цени. 

Сега засега се е барано. Но, зависи од периодот на годишните времиња и понудата на зеленчукот. Се, се троши. Прва цел ние да ги задоволиме потребите на потрошувачите. По нивни потреби примаме и порачки и подготвуваме храна, додаваат од маркетите.

Во маркетот се подготвуваат секојдневни видови храна. Секој ден има стандардни јадења. Во зависност од деновите имаат и свое мени. Еден ден се подготвува  мусака од компир или во зависност од сезоната се подготвуваат јадења од сезонски зеленчук како што се на пример сармичките од лозов лист или од кисела зелка,  но и други видови храна. Се води сметка и за најразличните гастрономски потреби на купувачите.

Најчесто во среда и петок, обично во деновите кога се пости подготвуват посна турли тава, риба, ослич, гравче тавче, пекарски  компир, посен ориз...

Подготевната храна  е свежа и воопшто не останува од денес за утре, нагласуваат тие. Кујната  во маркетот каде што се готви храната работи седум дена во неделата и постојано може да се купи  готова храна во секој дел од денот за појадок, ручек или вечера.