„Спалната соба“ на Скопје, урива рекорди во изградба на станови

Дека оваа скопска општина е една од најпосакуваните населби за преселба покажува фактот дека изминатите неколку години беше општина во која се изградиле најмногу станови.

Населбата во последните години добива нов лик, па речиси и да нема слободно место на кое не се изгради или е во тек градба на згради. Особено тоа е видливо близина на Тобако два.

Во првиот месец од годинава се издадени 307 одобренија за градба, што е за 62,4 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Половина од одобренијата се за објекти од високоградба, 20 проценти се за нискоградба и 30 отсто за реконструкција. Предвидена вредност на објектите е над 4 милијарди денари, односно околу 65 милиони евра, што е за 68,1 проценти повeќе во однос на истиот месец од претходната година.

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев, пред една недела порача граѓаните да инвестираат во недвижнини, затоа што, како што рече за неколку години, ќе им се зголеми вредноста.

„Она што сега го гледам е дека квадрат стан, квадрат деловен простор во Софија, Букурешт, Будимпешта, пред десетина години кошташе 800 до 1000 евра, денеска кошта 2.500 до 3.000 евра. Тоа ќе се случи и во Република Северна Македонија. Градете, инвестирајте! Се што ќе направите во овие следни години, после неколку години ќе има вредност пута два, пута три. Тоа не можете да го направите на друг начин“, рече Анѓушев.

Последната градба што се гради таму е на крстосницата кај Скопјанка и тоа речиси до самиот раб на тротоарот. Таму до недамна имаше паркче со детско игралиште. Аеродромци во неколку наврати протестираа и против градба на објект кај Мајчин дом.

Податоците, пак, покажуваат дека понудата на станови ја надминува побарувачката и тоа за двојно, односно има повеќе од 5000 непродадени станови, а се градат двојно повеќе. Најголема побарувачка на станови има во општините Центар, Карпош и Аеродром, каде цената на квадратот е околу 1000 евра. Во другите градови, пак, становите се продаваат по драстично пониски цени за квадратен метар.

Во периодот помеѓу 2010 и 2015 година 7.613 граѓани кои претходно живееле во општина надвор од рамките на град Скопје се преселиле во една од десетте општини која припаѓа на градот.  Притоа, најголем број, или 1.483 граѓани се доселиле во општина Аеродром. По нив следуваат 1.198 граѓани кои се населиле во општина Карпош и 1.135 во општина Кисела Вода. Најнеатрактивна општина за жителите кои доаѓаат надвор од Скопје во разгледуваниот период е општината Шуто Оризари, каде се доселиле само 129 граѓани.

Скопје и околината се најсоодветен пример во Македонија. Многу често ги слушаме експертите како велат дека Скопје е град проектиран за население до  350 илјади, дека нема инфраструктура да одговори на големиот број жители, дека забрано се гради  и дека властите несоодветно одговараат на проблемите. Скопје, како и повеќето модерни градови, несоодветно го  трансофрмира своето економско и социјално значење во политички аспект. Тоа во иднина се очекува да се промени.

Градот Скопје изработува проекти и планови за иднината

Градот Скопје има капацитет и мора да биде бродоносец на еколошките, социјални, културни и инфрастуктурни норми во однос на останатите општини. Но, не е доволно само изработка на стретегии и планови, туку и нивна целосна и соодветна имплементација.

Општи мерки во стратегијата се дека Градот Скопје и општините во Град Скопје треба да продолжат да работат на зачувување на квалитетот на животната средина и на подобрувањен услугите во разни сфери на градот. Како конкретни мерки се предвидуваат, внесување на климатските промени во урбанистичкото планирање, изработка на трет акциски план за животна средина, изработка на климатски атлас на Скопје, подобрување на собирањето на комуналниот и цврст отпад, јакнење на залениот фонд на градот и други мерки.

Стратегијата нуди конкретни мерки и планови за намалување на емисијата на стакленички гасови, соодветна подготовка на градот за справување со природни непогоди, модернизирање и јакнење на јавниот транспорт, како и управување со ризиците и зголемување на урбаната отпорност на градот. За крај, како единствена мерка останува спроведувањето на стратегијата.