СП 2019: Кирил Лазаров најкорисен играч на Мундијалот

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров е најкорисен играч по пет одиграни натпревари на Светското првенство. Според анализата на специјализираниот спортски портал Гол.мк.

Лазаров го дели четвртото место со 30 гола, но капитенот има најмногу асистенции меѓу сите играчи на првенството односно 25, со што има 55 индексни поени. Тоа е далеку најдобро остварување, бидејќи зад Лазаров е Хансен кој има 6 поени помалку.

Кај голманите Борко Ристовски со 37% успешност на одбранети удари се наоѓа на делба на осмото место. Лидер кај голманите според процентот на успешнот се Никлас Ландин и Еспен Кристенсен со 45% успешно одбранети удари кон нивните голови.