Совршено крцкави: Домашни стапчиња со ајвар

Време е на ајварот. Овој рецепт од бабината кујна е идеална ужинка за есенските денови.

Потребни состојки:

10 гр. квасец

200 мл. млеко

1 лажица шеќер

100 гр. масло

350-400 гр. брашно

2 лажици павлака

100 гр. димени кобасици (пикантни)

1 жолчка

3 лажици ајвар

малку семки од тиква, сончоглед и сусам

малку сол

Начин на подготовка:

Стопете го квасецот во малку млеко. Потоа додајте го шеќерот, остатокот од млекото, брашното и солта и замесете тврдо тесто, мкое е потполно глатко, без грутчиња. Кога ќе го замесите тестото, оставете да отстои 20 минути покриено со крпа.

Кога ќе отстои тестото, развијте го тенко и премачкајте го со масло. Оставете да отстои околу 20 минути, откако ќе го преклопите неколку пати.

Развијте го тестото така што да биде со дебелина од 10 см, па потоа премачкајте го со ајвар. Потоа, тестото исечете го на лентички  и посипете го со семките и сецканите димени кобасици. Секое стапче ставете го во тавче (обложено со хартија), а на крајот премачкајте со жолчка. Печете на 200 степени, околу 25 минути.