Совршено кафе постои, а ние ви ја откриваме рецептата

Кафето е инспирација, па затоа љубителите на оваа напивка често експериментираат и се трудат да откријат некој нов начин за подготовка.

Кога креативноста ќе се замеша со голема желба за да се открие нешто блиску до совршенството, тогаш и ѕвездите соработуваат. 

Така, за време на најголемите карантински затворања и кога целиот свет бешњ на пауза од брзината на светот, на социјалната мрежа се појави рецептот за кафето Далгона, кое е подеднакво фотогенично и вкусно.

За да се подготви ова кафе потребни ви се следните состојки:

  • 2 лажици инстант кафе
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици топла вода
  • ¾ чаша млеко
  • мраз

Најпрво, кафето , шеќерот и топлата вода сипете ги во шолјата. Потоа, земете жица за инстант кафе, ако имате, или слична направа и мешајте 8 до 10 минути, додека не добиете густа пена. Следно, подгответе чаша или шолја во која ќе го послужите напитокот и во неа прелијте млеко (ако сакате претходно додадете неколку коцки мраз), а за крај, внимателно посипете ја подготвената пена одозгора и уживајте во глетката и се разбира во феноменалниот вкус на уште едно кафеџиско задоволство.

Ова кафе е вкус кој не се заборава и претставува уживање во секоја голтка!