Совршени домашни падобранци како од слаткарница (ФОТО)

Состојки:

280 г ореви (мелени)

500 г шеќер

8 јајца

8 супени лажици шеќер

3 супени лажици брашно

250 г путер

100 г чоколадо за готвење

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките во средно големо тенџере. Во белките ставете ги мелените ореви и половина килограм шеќер. Во едно тенџерче ставете околу 2 прста вода и ставете ја на оган да зоврие. Потоа тенџерето со белките, оревите и шеќерот ставете го одозгора.

Варете ја смесата на пареа на умерен оган 27 минути со мешање на секои 2-3 минути. Откако ќе се свари, тргнете ја настрана и оставете ја убаво да се олади.

Во меѓувреме, изматете ги жолчките со додавање на 8-те лажици шеќер една по една, се додека не добиете компактна маса (бојата ќе осветли до многу бледо жолта).

Префрлете ги изматените жолки во тенџерче, и повторно варете над пареа 13 д0 15 минути (додека шеќерот не се стопи убаво, а масата се згусне) со задолжително постојано мешање.

Кога ќе се свари кремот, додадете го целиот путер исечкан на коцки за да се стопи побрзо и мешајте убаво.

Чокладото растопете го на пареа или во микробранова печка, додадете го во кремот со жолчки и путер и мешајте додека смесата не се изедначи. Оставете го тенџерето да се олади до собна температура, а потоа ставете го во фрижидер (филот нема да ви се растекува ако го мачкате оладен).

Додека филот се лади, проверете дали смесата за тестото (белките, оревите и шеќерот) е на собна температура, па додадете ги 3-те лажици брашно и убаво промешајте. Со мала лажичка или со шприц за тулумби истиснувајте кругчиња во тавче обложено со хартија за печење (ако ставате со шприц ќе излезат убави округли).

Печете ги во убаво загреана рерна на 160 степени точно 15 минути (ако се мали, 16 минути ако се средни или 17 минути ако се поголеми кругчињата). За да бидете сигурни, отворете ја рерната и пипнете одозгора. Треба да е мека површината но сепак да се чувствува како коричка. Кругчињата не смеат да бидат препечени.

Оставете ги да се оладат, а потоа спојувајте ги по две по големина. Ставете од филот со помош на нож врз едната половинка, залепете со другата и завртете ја горната за филот подобро да се распореди. Веднаш ставете ги во фрижидер и оставете ги преку ноќ пред да ги послужите.