Совршена торта со чоколадо и кокос

Потребни се само 4 состојки за да ја направите оваа брза торта, без печење.

Состојки (за кората) :

200 гр. урми

200 гр. кокосово брашно

Состојки (за кремот):

400 мл. кокосово млеко

200 гр. црна чоколада

Начин на подготовка:

Конзервата со кокосово млеко оставете ја во фрижидер најмалку 8 часа пред подготовка на овој десерт.

 Исчистете ги урмите и прелијте ги со топла вода, а штом омекнат, исцедете ги. Измиксирајте ги добро, а потоа додајте го и кокосовото брашно додека не ја постигнете саканата густина. Формирајте кора на дното на калапот за торта, на која претходно ќе поставите хартија за печење.  Ставете го калапот со кората барем половина час во фрижидер.

Во меѓувреме, на пареа стопете ја чоколадата и додајте ја во кокосовото млеко. Убаво измешајте за да се изедначи смесата. Оставете да се олади и потоа полека ставете во калапот за торта, врз кората. 

Оставете да се олади неколку часа пред да послужите.