Сите оние кои се трудат да се хранат здраво ги обожаваат овесните снегулки, но овој појадок е вистинска магија од хранливи состојки.
Image by Beo88 / iStock
Јаболките, морковите и овесните снегулки се богати со природни влакна и затоа тие се најдобриот избор за почеток на денот.
Потребни состојки:
2 шолји за кафе овесни снегулки
1 лажица чиа семе
1 лажица мед
1 голема шолја млеко по ваш избор
1 мала шолја рендани моркови
1 мала шолја рендани јаболки
Малку суво грозје
Ореви
Измешајте ги овесните снегулки со чиа семето, медот и млекото. Во друг сад измешајте ги јаболките и морковите и ставете ги во тегла. Оставете ги да отстојат преку ноќта.
Наутро, измешајте ги сите состојки и на крајот додадете го сувото грозје со оревите.
Уживајте во овој вкусен, магичен појадок.