Кечапот и мајонезот заминуваат во минатото со овој сос од домати, совршен за со месо или тестенини.
СОСТОЈКИ:
15 шери домати
1 лук
20 гр. младо кромитче
1 лажиче вегета
1 лажиче балсамико оцет
1 лажиче доматно пире
1 лажиче маслиново масло
сол и бибер
ПОДГОТОВКА:
Се мијат доматите, се ставаат во блендер со излупените лук и млад кромид.
Се додаваат и сите други состојки и се блендира да се добие паста.
Се ставаат сол и бибер и се служи со ручекот