Совршен ручек за вас и редовните гости на масата!

Состојки:

6-8 тиквици

2 главици кромид

½ кг мелено месо

3 чешниња лук

1 јајце

1 шолја ориз (сварен)

За бешамел:

1 ½ лажица брашно, малку зејтин

½ л млеко

малку зачини (копар, босилек)

сол, бибер, веѓета

150 гр гауда – кашкавал

Подготовка:

Меленото месо пропржете го со кромидот и зачинете. Кога ќе се излади додадете го сварениот ориз, лукот и јајцето.

Тиквичките излупете ги (ако се млади само добро измијте ги и оставете ги со кората)  и издлабете им ја средината.

Малку посолете ја секоја тиквичка, па полнете ги со филот.

Направете го бешамел сосот (на малку масло пропржете го брашното, но внимавајте да не потемни, па додадете млеко и оставете да проврие).

Зачинете по вкус и остајте го на рингла 2-3 минути да проврие со мешање, па оставете да се олади.

Тиквичките наредете ги во огноотпорен сад па прелијте ги со бешамел сос. Помеѓу тиквичките во сосот додадете малку од средината на тиквичките, што останала откако сте ги издлабиле истите. Ставете зачини.

Гаудата (или некој друг кашкавал) изрендајте ја, па ставете преку тиквичките. Ставете во рерна и печете на 180 степени, околу 30 минути.

Сервирајте со кисело млеко или павлака.