Совршен пијалок за зимските денови кое ќе го зајакне вашиот имунитет

Се препорачува негово секојдневно конзумирање во исхраната, а највеќе се препорачува за појадокот за вечерата или пак како хранлива и освежувачка ужинка.

Станува збор за млекото. Тоа е корисна и комплетна намирница која содржи протеини, витамини А и Д, како и минерали калциум и фосфор, кои се во најповолен однос со што с еовозможува максимална апсорпција во организмот.

Се препорачува секојдневно да се конзумира во исхраната, а особено е препорачливо за децата. За нив се потребни до 3 шолји дневно, додека пак останатите треба да пијат до 2 шолји млеко ддневно, што претставува доза која во значајна мера ја обезбедува дневната потреба на организмот за калциум.

Луѓето кои редовно пијат млеко имаат здрави коски и посилен имунитет, а причината за тоа е што млекото е богат извор на протеини за градење на ткивото и јаглени хидрати кои се неопходни за создавање енергија, но и важни витамини.