Совршен есенски десерт за кој не ви требаат никакви кулинарски способности (видео)

Десерт со мирис на есен: Сочни потпечени јаболка.

Рецептот може да го направите во супер крчко тенџере како на видеото или пак во обична тава  и во рерна.

Потребни состојки:

Јаболка по желба

½ шолја овесни снегулки

½ шолја кафеав шеќер

3 лажички цимет

1 лажичка каранфилче (по желба)

Коцка путер

Состојките може да варираат. Наместо овесни снегулки ставете јаткасти плодови и суво грозје или трошки чоколадо.

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги сувите состојки кои ги одбравте заедно со шеќерот и зачините.

Јаболката измијте ги и издлабете ги со лажица. Наполнете ги со мешавината од чинијата.

На врвот на јаболката ставете коцка путер.

Наредете ги во супер крчко тенџере или во тава, и истурете ¼ шолја вода.

Печете на тивко 3-4 часа.

За детално упатство погледнете го видеото: