Совладајте ги мрачните мисли со помош на три зборови

Во животот не може секоја секунда и секој час да бидат исполнети со насмевки и сонце. Попатно ќе се соочувате со предизвици и одвреме-навреме ќе се чувствувате лошо. Без тие падови, не би ги ценеле успесите, па затоа не очајувајте доколку животот понекогаш ви е тежок.

Наместо тоа, кога ви се случува нешто што не ви се допаѓа, секогаш можете да го искористите тоа за да научите нешто и за да пораснете. Можете да го ребалансирате вашиот ум такашто негативноста нема да може да доминира со вашите мисли.

Како да го направите тоа?

Во суштина, навистина е едноставно. Се почнува со психијатрот Виктор Франкл, кој зборувал за „волјата на смислата“. Тој предлага наместо да очекуваме нешто од животот, треба да се запрашаме што животот очекува од нас.

Тој во еден нацистички логор бил сведок на човековата способност за пронаоѓање на смисла во се и сешто, дури и во најлошиот вид на страдање. Тој го искористил своето искуство за да изгради свој сопствен тип на психотерапија (логотерапија).

Што е главната премиса?

Морате да се обидете да најдете смисла во секој момент од вашиот живот, без оглед на тоа дали е негативно, неутрално или позитивно. 

Имено, постојат три зборови кои треба да ви паднат на ум кога ќе се почувствувате лошо, а тоа се:

Наоѓам смисла во...

Откако ќе ги научите овие зборови, обидете се да ја завршите реченицата со тоа што ќе пронајдете смисла за вашата ситуација. Без оглед на тоа колку лошо изгледаат работите, секогаш постои барем една трошка позитивност во целата ситуација. Се што треба да направите е да ја пронајдете.

Овие три зборови можат да ви помогнат да ги совладате мрачните времиња со кои се соочувате и подобро да го разберете планот кој Универзумот го има за вас.

Мора да се запрашате: Во овој миг, додека се носам со овие предизвици, што очекува животот од мене?

И да, понекогаш животот ќе очекува да бидете тажни, да страдате поради губиток, да бидете очајни, но кога еднаш ќе сфатите дека постои смисла во вашето патење, полесно ќе ги поднесете овие работи.

Пронаоѓањето смисла најчесто е прв чекор во процесот на заздравување и може да ви овозможи други можности за полесно справување со се она што ве чека во животот. Тоа не може да ја блокира болката, но може да ни даде утеха и моменти кои ја намалуваат болката.

Секако, кога се соочувате со препреки, колку и да биле мали или големи, корисно е да комбинирате различни начини за справување со тагата. Во секој случај, пронаоѓање смисла е храна за духот.

nike air max 1 sale