Советот на Град Скопје не одобри заем од 10 милиони евра за нови автобуси

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави предлог за утврдување заем од 10 милиони евра за набавка на нови еколошки автобуси, но советниците не го изгласаа предлогот.

Со 15 гласови „за“, еден „против“ и 18 „воздржани, советниците на Град Скопје не го поддржаа предлогот на Арсовска.

На дебатата се отворија многу прашања, меѓу кои од каде ќе се набавуваат автобусите и колку нови возила ќе се добијат, иако сите беа сложни дека треба да се обнови возниот парк на ЈСП Скопје, но откако ќе се објават повеќе детали за планот за набавка.