Советникот Јовановски со интересен и корисен предлог за Скопје: Кутија за безбедно движење на лица со оштетен вид

Горјан Јовановски, советник во Советот на Град Скопје од „Зелен хуман град,“ со интересен и корисен предлог го градот. 

-Практикувам (посебно откако сум советник) секогаш кога сум во друг град да барам позитивни пракси кои би можеле да ги имплементираме ние дома. Најдов една многу интересна пракса во Виена за лица со попреченост во видот. Имено, на семафори има кутија што прави звук кога е црвено/зелено (како што имавме порано и ние), но на кутијата е исцртан патот како излега, т.е. каде почнува, каде има трамвајски шини, каде има коловозна лента и каде е крајот, посочува тој. 

Со ова, пешакот кој има пречки во видот, може многу полесно да знае што има пред него на преминот, и многу побезбедно да го помине истиот.

Овој предлог Јовановски веќе го достави до Секторот за сообраќај во Град Скопје за да се разгледа и надежно примени при планирање на на нашите булевари и поголеми раскрсници. 

Сега надлежните се на потег.