Советниците од Левица во Совет на Град Скопје поднесоа барања за ревизија на неколку јавни претпријатија

Советниците на Левица во Град Скопје поднесоа барање до Државниот завод за ревизија за спроведување на ревизија во ЈП Водовод и канализација, ЈСП Скопје и ЈП Лајка.

Обезбедување на објективна и реална оценка за тековните состојби и за ефикасноста на работењето на јавните претпријатија, и бројните индиции за нерегуларност во досегашното работење, се главните причини за поднесување на ова барање, велат од Левица. 

-Бројните индиции за нерегуларност во работењето на овие јавни претпријатија и последните финансиски извештаи кои укажуваат на неефикасно и нерентабилно трошење, и секако обезбедување на објективна и реална оценка за тековните состојби и за ефикасноста на работењето на јавните претпријатија, се главните причини за поднесување на ова барање на советниците на Левица. Последните ревизорски извештаи за овие ЈП од страна на Државниот завод за ревизија датираат од 2015 година, додека ЈП Лајка не постои во базата на сајтот на ДЗР, ниту е познато дали за него досега има направено ревизија. Оттука очекуваме ДЗР да го прифати барањето и да спроведе итна ревизија, изјави Антонио Димитров, советник во Град Скопје.