Советниците ѝ ја одземаа надлежноста на Арсовска да ги издава спортските сали

Советот на Град Скопје донесе одлука за издавање под закуп на имотот на Град Скопје и средните училишта која е спротивна на таа која по предлог на градоначалничката Данела Арсовска беше донесена пред 10 месеци.

Арсовска минатата година предложи нов правилник за издавање под закуп на имотот на Град Скопје со кој повеќе директорите немаа право да ги издаваат спортските сали или дворовите на училиштата, туку тоа го правеше градот.

Со новата одлука на Советот на Град Скопје, Арсовска повеќе не може да ги издава спортските сали и другиот имот на средните училишта под закуп.

- Вие како советничка група пред помалку од една година гласавте за одлуката за да се поправи нешто. Одлуката која ја предложивте сега е незаконска, ваша е дали ќе гласате, а наша обврска е нешто што е спротивно на законот да не го спроведеме, кажа Арсовска.