Советниците го одбија предлогот на Арсовска за набавка на нови автобуси

Советниците на денешната седница на советот на Град Скопје повторно го одбија предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на еко-автобуси.

Градоначалничката објасни дека станува збор за набавка на автобуси со кои би се замениле старите и дотраени возила, исто како што се случило во 2019 година.

Само 14 советници од Советот ја поддржаа точката предложена од градоначалничката Арсовска за кредитно задолжување на Градот Скопје кај домашни банки за набавка на нови еко-автобуси, но тоа не беше доволно за да се прифати предлогот.