Денес покрај пратениците на опозицијата во Собранието што држеа транспаренти, своето незадоволство од францускиот предлог го истакнаа и Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Тие на редовната седница на Советот на општина Гази Баба беа облечени со бели маици на кои беше испишано: „Гази Баба вели не!“
Ова на својот фејсбук профил го сподели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој во својата објава напиша:
„На денешната редовна седница на Советот на општина Гази Баба заедно со Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата испративме јасна порака: НЕ за бугаризација на Македонија! Ова е Република Македонија, тука се зборува на македонски јазик и имаме македонска историја!“