Совети за совршен летен тен

Пред да излезете на сонце, важно е да ја подготвите вашата кожа за тоа. Потребно е особено да сте внимателни поради силното сонце, но и доколку сакате да добиете убав тен кој ќе потрае до крајот на летото.

Иако сонцето ни дава витамин Д, сепак треба да знаете дека претераната изложеност на сонце не го зголемува количеството на витамин Д, туку и штети на кожата. Затоа, потрудете се директната изложеност на сончевите зраци да ја сведете на минимум.

Пилинг

Со помош на пилингот, ќе ги отстраните мртвите клетки кои се наталожени на кожата. По пилингот, кожата е малку почувствителна, и затоа добро е да го направите пилингот неколку дена пред да ја изложите на сонце. Можете да купите пилинг од некоја локална продавница за козметика или пак да го направите сами.

Хидратација

Доколку вашата кожа е изложена на сонце, таа станува многу подложна на штетните УВ зраци. Уште полошо е кога таа не е доволно хидрирана. Затоа, важно е да ја нахраните по секое туширање.  Нанесете хидрататна крема на полувлажна кожа. Правилната хидратација вклучува и пиење вода и многу течности во текот на денот.

Витамини и минерали

Збогатете ја исхраната со витамините А, Ц, и Е и бетакаротен, кои ја штитат кожата од сонцето. Освен тоа, бета каротенот придонесува и за одличен тен. Тој најчесто може да се најде во зеленчукот и овошјето со жолта и портокалова боја.

Витаминот Е е содржан во билните масла, бадемите, оревите, лиснатиот зелен зелечук, а витаминот Ц во цитрусното овошје, јагодите, пиперката, брокулата и тн.

Крема за сончање

Зависно од вашиот природен тен, важно е да изберете крема за сончање со фактор кој ќе ја заштити кожата од УВ зраците. Последните денови од сончањето, корисно е за убав тен да ја мачкате кожата со ши путер, какао путер, кокосово масло.

За совршен тен, можете да го подготвите и следното масло:

15 лажици маслиново масло

2 голем морков

3 зелени ореви (доколку можете да најдете)

Изрендајте го морковот и ставете го во стаклена тегла. Прелијте со маслиновото масло и додадете ги зелените ореви. Оставете да отстои на природна светлина околу 7 дена. Потоа процедете.

Важно е да знаете дека ова масло привлекува сонце и е добро да се користи само откако добро ќе ја заштитите кожата, особено по првите денови сончање.