Совети за безбеден одмор во роаминг

Многумина од нас го започнуваат својот заслужениот летен одмор и без разлика која е дестинација, сепак ќе сакате да бидете постојано поврзани и да ги користите вашите мобилни уреди додека сте на одмор.

Многу патници уште повеќе се потпираат на технологијата за да го подобрат своето искуство. А1 Македонија споделува неколку совети како да останете безбедни додека сте надвор од дома, следејќи неколку едноставни практики за да ги зачувате вашите уреди безбедни и вашите планови за одмор да не тргнат наопаку.

 

ТРГНУВАМЕ

Пред да тргнете на одмор, еве едноставна безбедносна листа за проверка што треба да ја додадете во вашата рутина за пакување:

  • Патувајте лесно, носете ги само најбитните уреди со вас!

  • Проверете ги вашите подесувања за приватност и безбедност на веб-услугите и апликациите.

  • Поставете ја функцијата „Find my phone“.

  • Заштитете ги вашите уреди со силна лозинка.

  • Ажурирајте го вашиот софтвер.

  • Направете резервна копија на податоци (Backup).

  • Симнете ги потребните мапи локално на вашиот уред и меморирајте броеви на итни служби.

  • Активирајте соодветен Роаминг пакет од А1 Македонија со цел да намалите несакани трошоци.

 

ВО ДВИЖЕЊЕ

Сега кога вашите уреди се ажурирани, заштитени со лозинка и резервна копија, има неколку чекори што можете да ги преземете за да ја подобрите безбедноста додека сте во движење:

  • Користете безбедно Wi-Fi заштитено со лозинка.

  • Размислете пред да објавите нешто на социјалните мрежи. Споделете спомени откако ке се вратите дома

  • Заштитете ги физички вашите уреди. Уверете се дека вашите уреди се секогаш со вас. Ако престојувате во хотел, најдоброто нешто што треба да направите е да ги заклучите во сеф. 

  • Го користите вашиот уред на аеродром или кафуле? Не оставајте го без надзор кај странец додека станувате да го користите тоалетот или да нарачате кафе.

  • Избегнувајте јавни компјутери во хотелските лоби и интернет кафулињата. Ако мора да користите јавен компјутер, чувајте ги активностите што е можно погенерички и анонимни.

  • Стоп за автоматско поврзување со Bluetooth.

  • Не користете туѓи уреди за најавување.