Совети што ќе ви помогнат да спречите да бидете изневерени

Понекогаш неверството е невозможно да се спречи, посебно доколку си во врска со некој кој не може да биде моногамен, но со овие совети барем ќе знаете дека сте преземале нешто за да не дојде до тоа.

Освести се дека сите се способни да изневерат

Никогаш не вели никогаш, па така немој никогаш да тврдиш дека не би можела никогаш да ги изневериш партнерот. Животот често не тестира баш таму каде што мислиме дека сме најсилни, а еднаш кога ќе признаеш дека тоа може да му се случи на секого, автоматски ќе бидеш поопуштена по прашање на неверството. Жените кои се во константен грч поради можноста дека партнерот ќе ги изневери, често токму поради овој грч несвесно го доведуваат партнерот во состојба во која тоа му се чини како единствен излез. Може да ти се случи и тебе, може да му се случи и на него, но се надеваме дека нема.

Погрижи се за овие четири работи

Мажите изневеруваат од разни причини, а истражувањата покажуваат дека најчесто го прават тоа бидејќи во врската не добиваат доволно внимание, нежност, благодарност и восхитување. Вистината е дека поради брзиот ритам на животот, често забораваме да му покажеме на партнерот колку ни значи, па се надеваме дека тој го знае тоа. Доколку секојдневно во врската ги вметнеш тие четири работи, ги намалуваш шансите дека твојот партнер тоа ќе го побара на друго место.

Внимавај на своето однесување

Голем број жени многу интензивно се занимаваат со можноста дека партнерот ќе ги изневери, па понекогаш ги затвораат очите за работите кои сами ги прават. Твоите разговори со колегата за време на ручекот може да ја поминат границата, а тоа лесно ќе се случи доколку цело време бараш знаци за неверство кај партнерот и ги игнорираш кај себе.