Совети кои еден ден би можеле да ви го спасат животот!

Кога луѓето ќе ја чујат фразата „совети за преживување“, голем дел од нив веднаш замислуваат ситуација слична на онаа на Робинзон Крусо: да бидеш еден на еден со природата. Но, вистината е дека дури и во градовите е важно да се знае што треба да се направи доколку се појави некој проблем.

Денес за вас издвоивме неколку такви совети:

Клучеви како алатка за самоодбрана

На интернет често кружи советот: Ако некогаш ве нападнат на улица, држете ги вашите клучеви помеѓу вашите прсти како да држиш боксирач. Но, сепак на тој начин ќе си ги повредите прстите. Плус, за да ги наместите прстите така ќе ви треба многу време, кое можеби нема да го имате. Многу поефективно е да ги држите клучевите како што би држеле нож или да ги држите во вашата тупаница.

Ако таксистот се однесува чудно

Пред да влезете во такси, запишете го бројот и регистрацијата. Ако таксистот почне да се однесува чудно, заѕвонете на некој што го познавате или едноставно преправајте се дека зборувате со некого. За време на разговорот на глас спомнете го и бројот на таксито.

Ако некој рече дека нема да ве допре, внимавајте

Обрнете посебно внимание на чудни, неизнудени ветувања. Ако некој ви рече (без каква било причина) дека нема да ве допре, тоа треба веднаш да ви го поттикне сомнежот дека ќе го направат токму тоа. Изјавите како оваа секогаш треба да го активираат вашиот аларм во главата.

Пари за итни случаи

Добра идеја е да скриете малку пари внатре во  футролата на вашиот телефон. Секогаш постои шанса итно да ви требаат пари. Да имате „пари за итни случаи“ може да ви биде ептен погодно за ако го изгубите паричникот.

Ефектот на толпата

Ако вам или на некој кој е со вас одеднаш му се слоши на јавно место, не барајте помош од сите луѓе околу вас во исто време. Наместо тоа, обратете му се на поединецот кој е најблиску до вас. Инаку, одговорноста ќе се „расплине“: луѓето ќе мислат дека некој веќе ја презел одговорноста за итниот случај и ќе продолжат да си одат.

Едноставно безбедносно правило за скали кое луѓето често го забораваат

Кога се симнувате или качувате по скали, НИКОГАШ не ги ставајте рацете во џеб, за да можете лесно да се фатите за гелендарот доколку се лизнете. Но, ако веќе паднете, вашите раце можат да имаат клучна улога при спречувањето сериозни повреди на главата.

Ако нешто ви се чини погрешно, бидете непристојни

Секогаш треба да бидете доволно храбри за да одбиете да поминете време со луѓе кои делуваат чудно. Ако се плашите да бидете сами во лифт со некој и чувствувате дека нешто не е во ред, не ги игнорирајте вашите инстинкти само за да не навредите некого.