Еден тапанар со име Ник кој живее во Америка е лице кое има проблеми со слухот, односно бил глув уште откако се родил. Но, тој може да ги слушне ниските бас тонови и да ги почувствува вибрациите од тапаните и другите инструменти. Тој е толку извонреден музичар, така што голем дел од луѓето не веруваат дека е глув.
Ова е една од инспиративните приказни кои можеме да ги слушнеме за луѓето околу нас, помислувајќи дека сепак тие се исклучок. Си велиме дека ние не сме исклучокот и дека не сме доволно добри за да постигнеме нешто. А, кога се обидуваме себеси така, тогаш можеби сме и во право. Но, само поради тоа што мислиме така и не преземаме ништо.
Сепак, вистината е дека голем дел се чувствуваат така. Огромен е бројот на луѓето кои не веруваат во себе. Тоа се луѓе со различни искуства, перспективи и од различен социјален слој во општеството. Едни од трите најограничувачки верувања кои луѓето ги имаат за себе се следните:
Тие имаат право за мене
Луѓето често се однесуваат грубо и дрско и ќе ви кажат дека не можете да постигнете ништо. Без оглед на тоа колку негативност другите фрлаат на вас, нема потреба да дозволите тие да ви кажуваат и да го водат вашиот живот.
Треба да знаете дека поголемиот дел од луѓето, тоа што го кажуваат се однесува на самите нив, а не на вас. Нивните реакции се дел од нивните перспективи, болки и искуства. Без оглед на тоа дали тие мислат дека сте најдобри и најлоши, тоа е резултат на нивните мисли и нивниот живот, не на вас. Во најголем дел од случаите, најдобро е да заборавите на доброто и лошото мислење на луѓето за вас и да ја следите сопствената интуиција и мудрост.
Важно е дали моето семејство ме поддржува
Да, навистина е одлично кога имаме поддршка од нашите најблиски. Иако тоа не ни е кажано изрично понекогаш, сепак го чувствуваме, особено додека растеме и сме деца. Но, често нашите семејства ја градат верзијата за нас и ни ставаат етикети. Дека сме храбри, срамежливи, добри, паметни, мудри. Но, треба да се ослободиме од таквите етикети и да не дозволуваме да нè спречат да постигнеме нешто во животот.
Тие можат да го постигнат нешто, но не и јас
Често си велиме дека другите луѓе можеби можат да постигнат нешто, но не и ние. Мислиме дека немаме шанси, или дека не сме доволно добри. Постојано бараме причини за да си докажеме себеси дека сме просечни, а не сме. Сите луѓе имаат различни карактеристики и способности, но тоа не значи дека другите имаат сè, а ние ништо.
Лесно е да се најдат причини и да се подлегне на пречките, но зошто да го дозволиме тоа?