Совет од експертите: Што да направите наутро по непроспиена ноќ?

Дури и експертите за спиење се соочуваат со лош сон и ноќи во кои едноставно се мачат да заспијат.

Според Шелби Харис, автор на книгата Прирачник за жените за надминување на несоницата, постојат неколку работи кои треба да ги направиме кога ќе станеме наутро по долга ноќ во која имаме спиено само неколку часа.

Прво вода, а потоа кафе

Наместо да се напиете кафе, прво наполнете голема чаша вода. Се препорачува да испиете ладна вода, во која можете да додадете малку лимон која ќе ве освежи и разбуди. После тоа, можете да се фокусирате на кафето.

Не се излежувајте во кревет

Според неа, квалитетот на сонот зависи од нашите активности во текот на денот. Прво нешто што е важно во однос на тоа е што ќе направите откако ќе се разбудите. Иако лесно можете да паднете во искушение да го продолжувате алармот до недоглед, пробајте да станете при првото будење. Спиењето за време на бескрајното ѕвонење на алармот не е квалитетно спиење. 

Приоритизирајте

По непроспиена ноќ, лесно можете да западнете во лошо расположение мислејќи дека ве очекува лош ден, но не треба да го гледате тоа како крај на светот. Ако се соочувате со ваков проблем, прво прифатете го тоа дека нема да имате најпродуктивен ден, но дека тоа е сосема во ред, освен ако немате големи обврски. Дајте му на телото простор да се одмори во одделни делови од денот, а не го заморувајте премногу мозокот бидејќи тој ќе се мачи во текот на денот.

Седете на осветлени места

Излезете надвор во природа, дозволете му на сонцето да допре до вашата кожа и ако морате да седите внатре, потрудете се тоа да биде добро осветлена просторија. 

Изберете лесни вежби

Вашето тело е уморно и не му е потребен напорен тренинг, но отидете на прошетка во текот на денот или пак лесна јога. Раздвижувањето ќе го подобри фокусот, ќе ви го подобри расположението, а освен тоа ќе ви помогне добро да заспиете во текот на вечерта.

Не избирајте тешка храна

Изберете нешто што е лесно и здраво и кое ќе ви донесе енергија и подобро расположението. Имајте предвид дека лошиот квалитет на сонот влијае на апетитот и на тоа што јадете во текот на денот, но потрудете се свесно да го правите изборот што ќе конзумирате во текот на денот.

best Running shoes brand | Nike SB and Parra have teamed up for Tokyo 2021 , Fitforhealth