Совет до сите жени: Во вас лежи голема сила, искористете ја

Денешното живеење веќе не бара од жената таа да биде дома, грижејќи се посветено за семејството и децата. Веќе не е прифатливо жената да мора да прави некои работи кои ќе и се кажат, туку таа има можност да одбира што сака да прави со својот живот. Иако се уште постои нееднаквост, сепак денес живееме во свет во кој жените често стануваат свесни за својата сила и се посветени на тоа да се борат за нештата кои ги сакаат.

Порано, жените немаат влијателни улоги во општеството. Тие денес водат бизниси, ги следат своите соништа, имаат поинакви цели од нивните мајки и заработуваат многу повеќе.

Сепак, едно нешто кое се уште не е сменето е општествениот притисок кој постојано и кажува на жената дека мажот секогаш  ќе биде посилен од неа и дека таа треба да биде тивка за нештата кои и значат. Дополнително, жената постојано се бори со сликата како треба да изгледа. Општеството постојано наметнува фотографии од жени кои се слаби и згодни.

Жените треба да го знаат следното:

Во ред е да си различен

Доколку поголем дел од жените замислуваат семејство и дом, сепак постојат и оние кои не го сакаат тоа, односно можеби се уште ја немаат идејата дека го сакаат тоа. Тоа не значи дека треба да бидат осудувани. Таа треба да се прифати таква каква што е и да се сака себеси поради тоа што е, тоа што одбрала да биде.

Во ред е да трагаат по успех

Никој нема право да им кажува дека мажите се единствените кои имаат право на успехот. Доста им е од тоа да се цени нивната вредност само во тишина и само за обични работи. Тие се еднакво способни како и мажите. Жените поседуваат сила, интелигенција и способности, а со тоа и предуслови за успех.

Треба да се сакаат себеси

Една од најголемите грешки кои ги прават жените е тоа што тие не се сакаат себеси доволно. Не веруваат во себе, веруваат во тоа дека не се доволно добри во нешто и мислат дека другите луѓе треба да ја одредат нивната вредност, оние кои се злобни и кои би направиле се за да ги повредат. Дел од нив веруваат дека им е потребен принц кој ќе ги спаси. Така се убедени од општеството. Но, не е така. На крајот на краиштата, никој не не сака ако не се сакаме себеси доволно.

Општеството треба да ја признае вредноста на жените

Заеднички треба да градиме општество кое ќе ја признае улогата на жената, кое ќе ја препознае нејзината вредност и ќе ги тргне стереотипите и предрасудите против успешната жена.